Македонија

Загинати и повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани

14.02.2024 18:28

Две лица загинаа, а седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 12:45 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на селото Чешиново.

Две лица загинаа, а седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 12:45 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на селото Чешиново.

Според првичните сознанија, во сообраќајката учествувале три патнички возила. Кратко по несреќата, на местото пристигнале екипи на Итната медицинска помош, а по првично укажаната помош повредените биле пренесени во Општата болница Кочани.

Според првичните сознанија кои ги покажал увидот од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани и вешто лице од областа на сообраќајот, до несреќата дошло при претекнување. По несреќата, сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани извесно време беше во прекин, а движењето се пренасочуваше по стариот регионален пат.