АХВ

Свинска чума во скопско Мралино

14.02.2024 18:38

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за определување заштитна зона од три километри околу жариштето и зона под надзор во радиус од 10 километри.

Африканска свинска чума во скопско Мралино. Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за определување заштитна зона од три километри околу жариштето и зона под надзор во радиус од 10 километри.

Болеста е потврдена во нерегистрирано одгледувалиште, каде се угинати пет свињи.

Од АХВ повикуваат, одгледувачите задолжително да пријават сомнеж или знаци на болеста до надлежните институции.