Влада
Џафери во посета на Општина Липково
15.02.2024 08:05
Џафери ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод увид во новата градинка во Матејче а ќе го посети и Домот на културата...

Претседателот на техничката влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ќе ја посети Општина Липково. Џафери ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод увид во новата градинка во Матејче а ќе го посети и Домот на културата.
Како што најавија од владината прес-служба, Џафери ќе присуствува на настан по повод увид на реконструираниот локален пат во селото Липково, Општина Липково.
Во село Лојане ќе го посети Основното училиште „Рилиндја“ каде што наскоро ќе започне изградбата на спортска сала.
