МЗШВ
Министерот Николовски во посета на земјоделците во Лозово
15.02.2024 08:10
Во рамки на планираните активности министерот Николовски најпрвин во село Милино општина Лозово, ќе ја посети Пандура Велкова, жена земјоделка...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе биде во работна посета на општина Лозово. Во рамки на планираните активности министерот Николовски најпрвин во село Милино општина Лозово, ќе ја посети Пандура Велкова, жена земјоделка.
Како што најавија од Министерството, по завршувањето на посетата министерот Николовски ќе даде изјава за медиумите.
Министерот Николовски ќе оствари и повеќе средби со земјоделци производители на житни култури и сточари.
