Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за избор на нов член на ДИК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска закажа седница на која се очекува да се расправа по една единствена точка на дневен ред Утврдување предлог-одлука за избор на член на Државната изборна комисијаа врз основа на предлозите на политичките партии …

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 13 часот закажа седница, на која се очекува да се расправа по една единствена точка на дневен ред Утврдување предлог-одлука за избор на член на Државната изборна комисија врз основа на предлозите на политичките партии.
Седницата е закажана откако кандидатот Зулфи Адили предложен од Европската демократска партија на Аријанит Хоџа ја повлекол кандидатурата и оти во трката за член на ДИК останува кандидатот предложен од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промена – Абдуш Демири.
Државната изборна комисија работи без еден член повеќе од една година, откако Кренар Лога од Алијанса замина на министерска позиција.
Албанската опозиција веќе подолг период го бојкотира Собранието со своите пратеници поради тоа што не се избира нивниот предлог за член на ДИК.
