израел

Во ракетни напади убиена девојка која служела војска

15.02.2024 08:58

Израелската армија ги покрена борбените авиони. Извршени ракетни напади на либанска територија...

Израелската армија потврди дека во ракетен напад од Либан на воена база на северот загинала девојка која служела војска, а во градот Сафед биле ранети неколку лица. Израелската армија ги покрена борбените авиони. Извршени ракетни напади на либанска територија.

Лидерите на Канада, Австралија и Нов Зеланд заеднички повикаа на итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, стои во соопштението објавено како одговор на извештаите за планирана израелска офанзива во Рафах.