АМСМ

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

15.02.2024 09:10

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од АМСМ препорачуваат да се прилагоди брзината на движење...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, известуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат да се прилагоди брзината на движење, да се почитува на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.