Русија
Путин: За Русија е подобро да победи Бајден
15.02.2024 09:14
Путин изјави дека сепак, Москва е подготвена да „соработува“ со кој и да победи на претседателските избори во САД...

За рускиот претседател Путин, неговиот американски колега Џо Бајден е „попредвидлив“ за Москва од ривалот Доналд Трамп.
Сепак, изјави дека Москва е подготвена да „соработува“ со кој и да победи на претседателските избори во САД, кои ќе се одржат на 5-ти ноември, а голема е веројатноста Бајден и Трамп да се соочат еден со друг.
