МВР

Санкционирани 151 возач за брзо возење на територијата на цела држава

15.02.2024 09:38

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 151 возач, информираат од МВР.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место, се наведува во соопштението.