Израел

Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

15.02.2024 09:44

Канада, Австралија и Нов Зеланд повикуваат на итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, се вели во заедничката изјава објавена како одговор на извештаите за планирана израелска воена операција во Рафа...

Канада, Австралија и Нов Зеланд повикуваат на итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, се вели во заедничката изјава објавена како одговор на извештаите за планирана израелска воена операција во Рафа. Вашингтон чека да ги види плановите за најавената офанзива. Од Стејт департментот велат дека продолжуваат да се залагаат за преговори меѓу Израел и Хамас по објавите дека Тел Авив наводно го отповикал својот преговарачки тим.

„Видовме дека владата на Израел побара од војската план за офанзива во Рафа. Сè уште не сме го виделе тој план. Не знаеме што ќе содржи. Не се знае дали ќе биде извршена. Чекаме да видеме како изгледа тој план, а потоа директно ќе се ангажираме со владата на Израел“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

САД и неколку арапски партнери подготвуваат план за сеопфатен мировен договор меѓу Израел и Палестинците, кој вклучува временска рамка за палестинска држава, пишува Вашингтон пост.