Куба и Јужна Кореја ги обновија дипломатските односи
Куба и Јужна Кореја вчера ги обновија дипломатските односи по повеќе од 60 години...

Куба и Јужна Кореја вчера ги обновија дипломатските односи по повеќе од 60 години. Двете земји објавија дека тоа се случило преку размена на дипломатски ноти меѓу нивните претставништва во Обединетите нации.
„Преку дипломатските односи со Куба, се очекува да се воспостави правна рамка за поддршка на проширувањето на економската соработка меѓу двете земји. Во иднина, нашата влада активно ќе се ангажира во понатамошни разговори со кубанската влада за промовирање на пријателството, вклучително и заемно отворање амбасади“, изјави Лим Со-сук, портпарол на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.
Хавана и Сеул ги прекинаа односите по Кубанската револуција во 1959 година. Куба е сојузник на Северна Кореја, а во двете земји на власт се комунисти.
