Украина

Масовен руски напад врз Украина

15.02.2024 09:47

Во Украина рано утринава е прогласена тревога низ целата земја. Силите за воздушна одбрана одбиваат руски ракетни напади врз главниот град Киев, потврди градоначалникот Кличко...

Во Украина рано утринава е прогласена тревога низ целата земја. Силите за воздушна одбрана одбиваат руски ракетни напади врз главниот град Киев, потврди градоначалникот Кличко. Во руската област Курск, украинско беспилотно летало удрило во складиште за нафта, предизвикувајќи пожар. Додека борбите продолжуваат, министрите за одбрана на НАТО на состанок во Брисел за да се подготват за самитот на Алијансата во јули во Вашингтон.

„Гледаме дека нашата поддршка прави разлика, на бојното поле секој ден. Само вчера, Украинците успеаја успешно да нападнат руски поморски брод. Важно е да се осигураме дека Украина ќе го добие оружјето, залихите, муницијата што им се потребни. Треба да го зголемиме производството“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Генералниот секретар Столтенберг нагласи дека со помош на Алијансата Украинците повторно зазедоа половина од територијата што беше освоена од Русија.