Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се виновни за хаосот со документите, Спасовски треба кривично да одговара

15.02.2024 09:47

Од партијата велат дека СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско.

Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско. Во исто време Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.

Излезот од овој ќорсокак во кој нѐ доведоа ДУИ и СДС е да се промени законот за патни исправи на истиот начин на кој се направи тоа со законот за безбедност во сообраќајот. Талат Џафери нека не се прави Ајнштајн за право и нека не им попува на правниците, затоа што тој не е правник, туку дезертер. Вака лошо во Македонија никогаш не било, како сега со ДУИ и СДС. Тоа граѓаните го чувствуваат на свој грб и затоа треба да ги поразиме, стои во соопштението.