Четири лица загинаа во пожар во Бар
Пожарот избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица...

Во пожар, кој избувнал во раните утрински часови во црногорскиот град Бар, загинале четири лица. Како што пренесуваат медиумите, тројца од загинатите се малолетници.
Пожарот избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица.
„Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните во Одделението за обезбедување на Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица, каде што живее ромско население. Пожарот зафатил неколку објекти. На местото на настанот пристигнала екипа пожарникари од Бар со повеќе возила, а при гаснењето на пожарот биле пронајдени четири неидентификувани тела“, изјавиле претставници на полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.
Според информациите, екипите сè уште се на терен.
