СДСМ: Поголема поддршка за лозарите, поголеми откупни цени и поголем извоз
СДСМ продолжува со силна поддршка за лозарството и производството на вино, што е една од најзначајните гранки во нашата земја, со стратешка економска важност.

СДСМ со голем број на мерки и активности за унапредување на производството на грозје и вино обезбеди поголема поддршка за лозарите, повисоки откупни цени и поголем извоз. Успешноста на мерките се потврдува со фактот што Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13-ти извозник на вино во светот, соопштуваат од СДСМ.
Од партијата нагласуваат дека СДСМ за прв пат воведе грантови од 10.000 евра за поддршка за купување на опрема на малите производители на храна, но и за малите семејни винарии, како и грантови од 5.000 евра за отворање на мали дестилерии.
Како резултат на мерките во моментов има 255 регистрирани винарии за производство на вино што е рекорд во историјата на нашата држава во однос на организарано прозиводство на вино, откуп на грозјето и секако продажба на високо квалитетно вино на дома и во странство.
Со новиот закон за вино лозарите добиваат гарантирана цена за откуп на грозјето, но и нова посебна програма за финансиска програма за поддршка и развој на лозарството и винарството, стои во соопштението.
