Д-р Лидија Стоичковска, невролог од Делчево е прогласена за лекар на годината

12.06.2014 14:01

По 28 години работа во јавното здравство д-р Лидија Стоичковска го доби највисокото признанието од Лекарската коморалекар на годината -плакетата „Св Наум Охридски“.

По 28 години работа во јавното здравство д-р Лидија Стоичковска го доби највисокото признанието од Лекарската коморалекар на годината -плакетата „Св Наум Охридски“.

Предлогот за доделување на оваа престижна награда на д-р Стоичовска е од нејзините колеги, односно од Општинската организација на ЛКМ – Делчево, а Комисјата за награди на Комората оцени дека со својата работа и досегашни активности на професионален план, со коректниот однос кон колегите, професионалниот однос и доверба кај пацинтите, придржување на медицинската етика и Кодексот на медицинска деонтологија, д-р Стичовска го заслужуваа  ова признание.

Таа е прв и единствен специјалист по неврологија во регионот што ги опфаќа Делчево, Пехчево, Берово и Македонска Каменица.

Соња Стојановска