Штип

Две жртви во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани

15.02.2024 13:05

24-годишна девојка и 52-годишен маж се жртви во вчерашната сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани. Познат е идентитетот на починатите, повредените се на лекување во Клиниките во Штип и Скопје...

Дваесет и четири годишна девојка од Скопје и 52 годишен маж од Кочани се жртвите во вчерашната сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани.

Тројца од повредените се хоспитализирани во Клиничката болница во Штип, од каде информираат дека се во стабилна состојба и вон животна опасност. Двајца повредени се лекуваат во Клиничкиот центар во Скопје. Со информации за сообраќајната несреќа излезе СВР Штип.

 

Славица Величковска