Пет иницијативи поднесени до Уставниот суд за личните карти, возачките дозволи и пасошите
Иницијативите се однесуваат на периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење зашто некои сè уште се со важност, како и на слободата на движење која е ограничена, рече денес претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска.

Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд за лични карти, возачки дозволи и пасоши и толку предмети се веќе оформени. Иницијативите се однесуваат на периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење зашто некои сè уште се со важност, како и на слободата на движење која е ограничена, рече денес претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска.
„Конкретно не можам да кажам што е оспорено, но секако дека е оној период на издавање на личните документи, нивното времетраење, зашто има некои документи кои се сè уште со важност, и слободата на движење која е ограничена на овој начин. Но, тука граѓаните би морале да знаат дека слободата на движењето не е надлежност на Уставниот суд“, изјави Кацарска.
Според претседателката на Уставниот суд, граѓаните треба да знаат дека слободата на движењето не е надлежност на Уставниот суд. Ако беше, како што напомена, воведена уставната тужба, тогаш тие ќе можеа да се обратат до Уставниот суд за секое барање, секоја слобода и право што им е загарантирано со Уставот.
