Избран седмиот член на Државната изборна комисија
Абдуш Демири го мина комисискиот филтер за нов член на ДИК. За да биде усвоена одлуката потребно е двотретинско мнозинство на пленарна седница.

Абдуш Демири – предлогот на албанска опозиција коалиција Европски Сојуз, е седмиот член на Државната изборна комисија.
Со 10 гласа ЗА и ниту еден против и воздржан, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата пратениците го поддржаа Демири за нов член на ДИК.
Следната недела се очекува одлуката на комисијата да се најде на пленарна седница. За изборот на Демири за нов потребно е да гласаат најмалку 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство на гласовите.
Комплицирањето на неговиот избор беше причина зошто опозициски пратеници на Сојузот подолго време да ја бојкотираат работата на Собранието.
Инаку во „трката“ за член на ДИК беше и кандидатот Зулфи Адили предложен од Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, кој се повлече поради неговото именување за директор на Агенцијата за странски инвестиции.
Марина Стојанова -Тонева
