Николовски од средбата со земјоделците во Лозово
Земјоделците од Лозово се пример како максимално се користи можноста за закуп на земјоделското земјиште, кое го ставаме на располагање до земјоделците...

Земјоделците од Лозово се пример како максимално се користи можноста за закуп на земјоделското земјиште, кое го ставаме на располагање до земјоделците. Само во изминативе две години низ целата држава на располагање, до сите земјоделци, сме ставиле 17.956 хектари, државно земјоделско земјиште. Во општина Лозово, од 2018 година, под закуп се дадени 1.346 хектари државно земјоделско земјиште, истакна министерот Николовски на денешната средба со земјоделците од Лозово.
Преку последната измена на Уредбата за директни плаќања, која беше усвоена на последната владина седница, овозможивме непречена исплата на заслужените земјоделци, на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истечат договорите за закуп на земјоделско земјиште. Земјоделците, преку оваа измена ќе можат правото на субвенции да го остварат врз основа на старите договори, додека продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.
Во Лозово земјоделците покрај производство на житни култури се занимаваат и со производство на тутун, лозарство и сточарство.
Министерот Николовски на средбата ги презентираше новите мерки кои од оваа година се ставаат на располагање на сточарите.
Креирана е нова агроеколошка мерка за поддршка во одржување на ливадите, во висина од 6.000 денари по хектар, чија цел е да ги стави во функција површините со намена ливади и пасишта, за производство на храна за добитокот. Од досегашните 360.000 денари по овчар, на 620.000 денари се зголемува платата за овчарите, помагајќи им на сточарите во трошоците за ангажирање на работна сила за чување и напасување на добитокот.
Креираме мерки за одржливо и развиено македонско земјоделство, според потребите на земјоделците.
