ЈСП
Автобустите на ЈСП утре повторно нема да возат
15.02.2024 19:23
Утре скопјани ќе останат без градски автобуси бидејќи вработените не ја добиле јануарската плата...

Утре скопјани ќе останат без градски автобуси бидејќи вработените не ја добиле јануарската плата, соопшти попладнево претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Миќо Стојановски.
Тој истакна дека денеска, 15-тиот ден во месец е последниот законски ден за исплата на плата, но на сметките на вработените не се префрлени пари.
Според најавата нема да работат билетарниците, контролорите, работилниците и возачите.
Минатиот месец Советот на Град Скопје со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на вонредна седница донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра.
