Економија

Нема повисоки плати во Министерство за финансии

15.02.2024 21:28

Вработените во Министерството за финансии, нема да го земаат надополнувањето на плата од 30 отсто...

Вработените во Министерството за финансии, нема да го земаат надополнувањето на плата од 30 отсто, гласи конечната одлука на Уставниот суд во врска со овој предмет. Од таму велат дека донесена е конечна одлука со којашто е укината оспорената одредба од законот.

Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка одлука, што значи дека во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување, како што гласеше во законот, на плата и нема да ги вратат оние парични средства што претходно ги добиле.