Влада
Османи и Џафери на 60-та Минхенска безбедносна конференција
16.02.2024 07:57
На маргини на Минхенската безбедносна конференција, Османи ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји...

Премиерот на техничката влада Џафери и министерот за надворешни Османи, учествуваат на 60-та Минхенска безбедносна конференција. На маргини на Минхенската безбедносна конференција, Османи ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји.
За време на тридневната конференција, премиерот Џафери ќе присуствува на повеќе централни и придружни настани, а ќе оствари и повеќе билатерални средби.
Фокусот на конференцијата е улогата на Европа во безбедноста и одбраната, и на значењето на проширувањето на Унијата во контекст на ситуацијата во Украина и случувањата на Блискиот Исток.
