Заврши конкурсот за нов состав на Лустрациска

12.06.2014 14:56

Комисијата за лустрација има 11 членови. Според изборните резултати, ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 5 места, ДУИ 2, ДПА 1, а СДСМ 3. Социјалдемократите немаат намера да предлагаат член...

Номинациите ги потврдија актуелниот претседател Томе Аџиев, портпаролот на Комисијата, Предраг Димитровски,Чедомир Дамјановски, но и екс пратеничката од Либералната партија, Ристана Лалчевска. Првиот човек на лустрациска Аџиев не очекува поголеми турбуленции при изборот на новиот состав во Собранието. Чуствувал морална обврска пак да се пријави и очекува продолжување на добрата работа на Лустрациска. Критиките на опозицијата и на некои членови, за кои вели дека намерно биле уфрлени да ја реметат работата на Комисијата, Аџиев ги оквалификува како злонамерни.

„Кога процесот влезе во фаза на отворање на досиејата и утврдување на соработници,тие со сите сили се обидуваа да го попречат тоа.Тоа беше очигледно,бидејќи сите предмети што ги работеше Комисијата во голем дел се потврдија и од судовите“, вели претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев.

Чедомир Дамјановски, кој е најжесток критичар на работата на Комисијата и на претседателот Аџиев очекува повторно да биде избран, доколку како што вели, пратениците се водат од неселективноста и професионализмот.

„Професионалноста е многу важна во овој процес. Овој процес мора да биде заснован чисто на документи, без раслика на политичката припадност на лицата кои се предмет на лустрација.Таков е мојот пристап и затоа се надевам,нека одлучат пратениците“, смета членот на Лустрациска,Чедомир Дамјановски.

Комисијата за лустрација има 11 членови. Според изборните резултати, ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 5 места, ДУИ 2, ДПА 1, а СДСМ 3. Социјалдемократите немаат намера да предлагаат член за Комисијата за лустрација, бидејќи како што велат, не сакаат да дадат легитимитет на политичка хајка со неистомислениците на власта.

Милчо Велески