Скопје

Откажан штрајкот на ЈСП, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

16.02.2024 08:56

Од менаџментот на Јавното претпријатие, добиле објаснување дека поради технички причини доцни исплатата и ветиле оти во текот на денешниот ден вработените ќе ја добијат јануарската плата...

Се откажа штрајкот на вработените во ЈСП, автобусите редовно сообраќаат. Откако Синдикатот на Јавното претпријатие најави прекин на работата поради неисплатените јануарските плати, се предомислија.

Од менаџментот на Јавното претпријатие, добиле објаснување дека поради технички причини доцни исплатата и ветиле оти во текот на денешниот ден вработените ќе ја добијат јануарската плата.