ДКСК

Прва конститутивна седница на ДКСК

16.02.2024 09:11

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи конститутивна седница...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи конститутивна седница.

Новиот состав на ДКСК започна со работа пред една недела откако претседателката комисијата Татјана Димитровска и членовите на новиот состав на ДКСК Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски, по изборот, во Собранието дадоа свечена изјава.

На дневен ред на денешната седница на ДКСК е избор на Заменик претседател, состојба на предмети на ден 08.02.2024 година, како и активности во врска со надлежностите на ДКСК за време на изборниот период.