Македонија

Пендаровски на 60. Mинхенска безбедносна конференција

16.02.2024 09:27

Во рамките на конференцијата е предвидено Пендаровски да оствари повеќе средби, на кои ќе разговара за европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор...

Претседателот Пендаровски учествува на 60. Mинхенска безбедносна конференција. Во рамките на конференцијата е предвидено Пендаровски да оствари повеќе средби, на кои ќе разговара за европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.

На Mинхенската конференција присуствуваат и премиерот на техничката влада Џафери и министерот за надворешни Османи. Во фокусот на годинашната конференција во Минхен е улогата на Европа во безбедноста и одбраната, и на значењето на проширувањето на унијата во контекст на ситуацијата во Украина и случувањата на блискиот исток.