Грција

Грција ги легализираше истополовите бракови

16.02.2024 09:41

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе стави крај на сериозната нееднаквост“...

Грција ги легализираше истополовите бракови, со што стана првата земја со православно христијанско мнозинство што го направи тоа, јавува Би-Би-Си.

Отсега на истополовите парови ќе им биде дозволено да посвојуваат деца. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе стави крај на сериозната нееднаквост“.

Законот доби натпартиска поддршка, односно за него гласаа и пратеници од левицата и конзервативци. Двајца пратеници беа воздржани, а 46 пратеници не присуствуваа на седницата.

Големи критики на законот упати грчката православна црква. Дел од црковните лица на пратениците од своите региони им се заканија „добро да размислат за што се изјаснуваат“.