Продолжуваат израелските операции во Газа
Израелската армија не ги запира операциите во Газа. Оперира од копно, море и воздух, а главните акции се на југот на Газа во Кан Јунис...

Израелската армија не ги запира операциите во Газа. Оперира од копно, море и воздух, а главните акции се на југот на Газа во Кан Јунис. Тел Авив го обвини Хамас дека користи болници и други цивилни инфраструктурни објекти за сокривање затвореници и борци.
„Специјалните сили беа принудени да оперираат во болницата Насер за да ја исполнат нашата мисија да ги пронајдат нашите заложници и да ги ловат терористите. Можам да потврдам дека терористите се криеле и оперирале од болницата Насер во Кан Јунис“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.
Министрите во владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху отфрлија каква било дискусија за палестинска држава по извештајот на Вашингтон пост дека главниот сојузник на Израел, САД, работи на плановите за создавање палестинска држава. Тие рекоа дека палестинската држава претставува егзистенцијална закана за државата Израел.
