Украина

Тешки борби кај Авдијивка и Маринка, соопштува украинската армија

16.02.2024 09:48

Генералштабот на Украина соопшти дека во изминатите 24 часа на фронтот се случиле 95 воени судири, а најмногу престрелки имало кај Маринка и Авдијивка ...

Генералштабот на Украина соопшти дека во изминатите 24 часа на фронтот се случиле 95 воени судири, а најмногу престрелки имало кај Маринка и Авдеевка. Од друга страна, Министерството за здравство на Руската Федерација соопшти дека во нападот на украинските вооружени сили на Белгород загинале шест лица, меѓу кои и едно дете, а ранети се најмалку 17 лица. Покрај нападот на трговскиот центар, оштетени се и станбени населби, а една ракета падна на стадионот во Белгород. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека во неговата земја се создава нова безбедносна архитектура.

„Создаваме нова безбедносна архитектура за нашата земја која ќе ни помогне не само овде и сега, но и долгорочно. И ова е нешто што Украина никогаш го немала, иако отсекогаш и требало“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Зеленски се очекува денеска да ги посети Германија и Франција во обид да обезбеди воена помош.