Индија
Најмалку 11 загинати при експлозија и пожар во фабрика за бои во Индија
16.02.2024 09:48
Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени откако зграда во фабрика за бои во Њу Делхи се урна по експлозија и пожар...

Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени откако зграда во фабрика за бои во Њу Делхи се урна по експлозија и пожар.
Пламените јазици зафатиле два магацина и центар за лекување на зависности кои се наоѓаат во близина. Пред избувнувањето на пожарот се слушнала експлозија во фабриката, а властите се сомневаат дека инцидентот бил предизвикан од складирани хемикалии.
