ВМРО-ДПМНЕ: Зошто повторно се случува хаос во ЈСП?
Од партијата нагласуваат дека вината е во нивната и неспособноста на Данела Арсовска. Тие заедно со менаџерскиот тим во ЈСП, иако добија 700 милиони денари или 11 милиони евра пред дваесетина дена, повторно доцнат со исплатата на плата во претпријатието во законски определениот рок, а причината никој не ја знае.

Коалицијата на Данела Арсовска, СДС, ДУИ и Левица во Град Скопје се директно одговорни за хаосот во ЈСП. Тие пред само еден месец лажеа, драматично го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорен за тоа што во Скопје нема градски превоз поради доцнење на платите. Но вистината излезе на виделина после помалку од еден месец. И овој месец повторно доцни исплатата на плата во законскиот рок во ова јавно претпријатие иако Советот изгласа субвенции, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека вината е во нивната и неспособноста на Данела Арсовска. Тие заедно со менаџерскиот тим во ЈСП, иако добија 700 милиони денари или 11 милиони евра пред дваесетина дена, повторно доцнат со исплатата на плата во претпријатието во законски определениот рок, а причината никој не ја знае.
Срамно и бедно. Уште се свежи сликите на Данела Арсовска како на 22 јануари прикажуваше лажен триумфализам и велеше дека се обезбедени пари за плати „за цела година да не му ја мислиме“ мафтајќи во занес со рачето. Зошто платите не се исплаќаат навремено?
Данела и нејзините коалициски партнери безмилосно ги манипулираа скопјани, возачите и нивните семејства за ситен поен, стои во соопштението.
