МАНУ ќе соработува со повеќе институти и Универзитети од Македонија
Македонската академија на науките и уметностите, факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, факултети од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитет во Тетово, Државниот архив на Република Македонија и Институтот за духовно и култорно наследство на Албанците во Македонија денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Документот го потпишаа претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, ректорите и деканите на факултетите како и директорите на институтите и Државниот архив.

Академик Камбовски истакна дека целта на Меморандумот е да ја унапреди заемната соработка помеѓу институциите во областа на историјата, литературата, јазикот и мултикултурата и да ги координира активностите на Академијата со научните институции во тие области.