МВР

Претреси во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

16.02.2024 10:27

На 15.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Н.(28) и И.Ч.(24), двајцата од Битола...

На 15.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Н.(28) и И.Ч.(24), двајцата од Битола, информираат од МВР.

При претрес во домот на И.Н., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во домот на И.Ч., извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.