Свет

Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални

16.02.2024 12:59

Агенцијата ИТАР-ТАСС пренесува дека одделот на руската Федерална служба за управување со казнениот систем (ФСИН) пријавил смрт на Навални во казнената колонија.

Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненецки, каде што Навални ослужуваше затворска казна.

Агенцијата ИТАР-ТАСС пренесува дека одделот на руската Федерална служба за управување со казнениот систем (ФСИН) пријавил смрт на Навални во казнената колонија.

„На 6 февруари 2024 година, во поправната колонија бр. 3, осуденикот Навални А.А. се чувствувал лошо по прошетката, речиси веднаш изгубил свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и била повикана екипа на Итна медицинска помош“, се вели во соопштението од ФСИН.

Оттаму додаваат дека се преземени сите неопходни мерки за реанимација, но не дале позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осудениот.

Се утврдуваат причините за смртта.