Македонија

Ослободителна пресуда за Силвана Бонева за случајот „Друмарина“

16.02.2024 14:31

Судот утврди дека јавниот обвинител, не докажал измама во службата во случајот „Друмарина“, дело кое и беше ставено на товар на обвинетата.

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева доби ослободителна пресуда за случајот со патните трошоци.

Судот утврди дека јавниот обвинител, не докажал измама во службата во случајот „Друмарина“, дело кое и беше ставено на товар на обвинетата. Случајот го покрена СЈО, а по згаснувањето премина во рацете на скопското јавно обвинителство.

Бонева се гонеше дека во периодот од 2011 до 2015 година до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, по што и биле исплатени над 10.000 евра, иако имала стан во Скопје и не патувала за да присуствува на седници на Собранието.