Промоција на документарниот филм „Придонесот на Македонците во татковинската војна“
Автор на филмот е новинарката на МТВ, Мирјана Василева, режијата е на Мирјана Срича, а камерата и монтажата на Саша Јелавиќ...
Вечерваво Кинотеката на Македонија, а под покровителството на Националниот совет на македонците на град Загреб ќе се одржи промоција на докуметарниот филм под наслов „Придонесот на македонците во татковинската во 90- те години во Хрватска“.
Автор на филмот е новинарката на МТВ, Мирјана Василева, режијата е на Мирјана Срича, а камерата и монтажата на Саша Јелавиќ.
За авторот на филмот Мирјана, пресуден беше мотивот, од настаните од тоа време низ сведоштва на учесниците во татковинската војна на нашинците, да ги забележи најзначјните моменти од тоа време.
И токму поради тоа, идејата водилка на овој проект е сеќавањата да останат, со цел да потсетува на татковинската војна, за наследтвсото, и помирувањето. Затоа, и во овој филм акцент е ставен на сите овие прашања којшто се доминатни за не така далечното минато. Велат дека луѓето учат од своето минато и поради тоа сеќавањето секогаш, како не пишано правило подсетува на тоа – злото никогаш да не се повтори пренесувајќи ја пораката како предупредување на идните генерации.
Докуметраниот филм содржи 4 целини. Потсетува на периодот пред распадот на поранешната Југословенска држава, која крваво се одрази во Хрватска, а подоцна и во Босна и Херцеговина.
Низ хронологија на овие процеси, авторот Мирјана Василева, потсетува и на рефклетирањето на распадот на СФРЈ и во Македoнија, која по Словенија и Хрватска се определи самојстоно и незвисно да го трасира патот кон слободата.
Во тертиот дел потсетува на многу значајниот момент, а тоа е дека како две пријателски земји, Македонија и Хрватска, и денеска ги продолжуваат соработката и пријателството коешто низ векови се градеше низ традиционалните и културни врски.
И на крајот, авторот преку своите многубројни соговорници во филмот ја упатува пораката на деншното време, дека во ерата на глобалните движења, стремежот на Хрватска се оствари со зачленувањето во НАТО и ЕУ, а Македонија е на патот овој евроспки сон наксоро да го оствари.
