РКЕ

Повисока цена на бензинот од полноќ

16.02.2024 14:55

По вчерашното зголемување на цената на Еуросупер БС-95, денеска ново поскапување кај Еуросупер БС – 98, којшто од ноќеска на полноќ ќе се продава за 85,5 денари за литар…

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 од полноќ се зголемува за 2 денара и ќе чини 85,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95, како и на Еуродизел (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.