Стопанска комора

Нов модел на економски развој

16.02.2024 16:25

Стопанската комора смета дека е дојдено време за промена на досегашниот модел на економски развој. Оттаму порачуваат дека на земјава и е потребна модерна реиндустријализација, структурна трансформација на извозот, намалување на учеството на сивата економија, но и општествен консензус за економски реформи, политики и мерки.

Ниту една влада досега немала доволно слух за проблемите на бизнисот. Бараат мислење од стопанството за работи кои веќе самите ги донеле. Првиот човек на Стопанската комора, Азески, ги повика сите чинители да ги прочитаат четирите стратешки документи донесени од Комората, вели предлагаме рационални решенија што се остварливи.

Потенцијалот кој го поседува комората може да биде ставен во функција на бизнисот и на развојот на македонската економија. Треба да биде сврзното ткиво околу кое треба да се обединат сите во државава за повисоки стапки на раст, беше речено на дебатата.

Од Комората потсетуваат дека декларацијата донесена од Собранието во 2022 година, е почетниот пристап во градењето на општествен консензус за идни економски мерки, политики и реформи.

 

 

Александра Спировска