Безбедноста на храната будно се следи!
Според искуството на вработените во Фитосанитарната лабораторија, најбезбедни се проивзодите кои доѓаат од Западна Европа, а најнебезбедни оние што доѓаат од далечниот Исток...

Слаб имунитет, алeргии, па дури и карциноми се последица од консумирање овошје, зеленчук, житарки кои содржат високо количество на пестициди. Порано анализи се правеле во странство, па додека да стигнат резулатите јаболкото или домaтите веќе биле изедени. Сега во фитосанитарната лабораторијасе праватсите контроли.
„Апаратот ги чита сите оние пестициди што се користени, и врз основа на резултатите што ќе бидат добиени, ќе можат да бидат напишани на декларацијата на самиот производ“, изјави проф. д-р Сузана Кратовалиева, директор на Фитосанитарна лабораторија.
Анализите покажуваат дека повеќе се прскани градинарските култури отколку овошките. Се проверуваат домашните, но и увезените производи.
Тука е констатирано дека некои производи содржат и до шест пати повеќе хемикалии од дозволеното. Според искуството на вработените во Фитосанитарната лабораторија, најбезбедни се проивзодите кои доѓаат од Западна Европа, а најнебезбедни оние што доѓаат од далечниот Исток.
Преку специјализрани лабораториски тестови се проверуваат и семињата, саден матрејал и препаратите за третирање на земјоделските култури. Освен инспекторите, тука мостри можат да донесат и земјоделците.
„Локализирајќи ја штотуку појавена симптоматологија може да биде сигурен дека останатиот дел од неговото производтсво нема да биде заразено, односно инфицирано“, вели д-р Кратовалиева.
Фитосанитарната лабораторија наскоро ќе стане референтна и за контрола на органското производство.
Наташа Јанчиќ
