Митревски и Бочварски од струшко Мороишта
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митревски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска беа во работна посета на општина Струга, каде извршија увид во реконструкција на локалниот пат во н.м. Мороишта.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митревски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска беа во работна посета на општина Струга, каде извршија увид во реконструкција на локалниот пат во н.м. Мороишта.
Реконструкцијата на овој локален пат е дел од „Проектот за поврзување со локални улици и патишта“, кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски и преку кој се овозможува директна поддршка на локалните самоуправи во вкупна вредност од 70 милиони евра за реконструкција на локални улици и патишта во општините.
Претседателот на Собранието, Митревски, истакна дека поддршката од централната власт обезбедува директен бенефит за граѓаните во сите општини преку реализација на вакви проекти од локално значење.
„Општина Струга добива голема поддршка со обезбедувањето на овие неповратни средства од централната власт за модернизација на локалните улици и патишта во општината. Овој локален пат беше барање на жителите и еве денеска сме тука да покажеме дека тоа што го ветуваме, тоа и го реализираме, жителите на Мороишта добиваат нов, комплетно реконструиран локален пат. Нашата грижа ја покажуваме во континуитет изминатите години, буквално вакви проекти се реализираат во секоја општина, сите граѓани ни се подеднакво важни.“ – изјави претседателот на Собранието, Митревски.
Министерството за транспорт и врски до сега преку овој Проект реконструираше преку 180 локални улици и патишта, а во наредните неколку месеци ќе бидат распишани јавни повици за реконструкција на уште 70 локални улици и патишта во општините.
