Политика
Албанската опозиција ќе се обединува со Декларација
17.02.2024 08:50
Декларацијата за обединување на албанските опозициски сили ќе биде потпишана денеска во Скопје...

Декларацијата за обединување на албанските опозициски сили ќе биде потпишана денеска во Скопје.
Потписи на декларацијата ќе стават лидерите на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари и опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП)-Изет Меџити на Демократското движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движењето Беса.
Претседателот на АА, кој е и градоначалник на Гостивар, Таравари завчера објави дека ќе биде кандидат за претседател на државата.
