Свет

Не учествувајте во протестите за Навални, предупредија руските власти

17.02.2024 09:12

Властите во Москва ги предупредија луѓето да не излегуваат на улици за да протестираат, во објава издадена само неколку часа по смртта на водечкиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални...

Властите во Москва ги предупредија луѓето да не излегуваат на улици за да протестираат, во објава издадена само неколку часа по смртта на водечкиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Во соопштение, обвинителството во рускиот главен град нагласи дека „смета дека е неопходно да се предупреди за прекршување на законот“. Тие истакнуваат дека има голем број повици на интернет „да се учествува на масовен митинг во центарот на Москва“.

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека е „огорчен“ по информациите за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Го посочи „Путин како директно одговорен за смртта на Навални. Тој храбро се спротивстави на корупцијата, насилството и сите лоши работи што ги правеше владата на Путин“, рече Бајден.

Американската потпретседателка Камила Харис на Минхенската безбедносна конференција рече дека доколку се потврдат извештаите за смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во казнена колонија на Арктикот, тоа ќе биде уште еден знак за бруталноста на рускиот претседател Владимир Путин.

На конференцијата во Минхен се обрати и сопругата на починатиот руски опозиционер Навални.