Нашинците во странство бараат психолошка помош од дома
Се зголемуваат психолошките проблеми на нашинците кои заминуваат во странство по заработувачка и подобар живот. Различните култури и уредувања прават бариери и отвораат потреба од психолошко советување од дома. Во голема опасност е раздвоеното семејство...

Осаменост, неснаоѓање, невклопување во другите култури, депресија. Нашинците во странство се почесто бараат психолошка помош и советување. Им треба и на оние што остануваат дома, раздвоени. Психолог Ана Алексоска вели дека многу се бараат советите од татковината, особено кај младите, зашто надвор се скапи. Зачестува и онлајн советувањето.
Вербалните изливи на нашинците неретко се сфаќаат како закани и семејно насилство. Тривијалните и банални ситуации кај нас, за другите култури значат психолошка проценка, објаснува клиничкиот психолог Јован Велески.
На нашинците кои заработуваат во странство, се почесто им треба и лек за душата.
Елизабета Митреска
