Во велешко нема случај на пертусис
Центарот за јавно здравје во Велес нема регистрирано случај на пертусис или голема кашлица. Последните десетина дена во пораст е бројот на вакцинирани деца. Опфатот кај претшколска возраст е 80 отсто додека кај школска возраст на седумгодишна возраст е 98 отсто...

Во Велес и велешко, Центарот за јавно здравје нема регистриран случај на пертусис. Последните десетина дена се бележи раст на вакцинацијата на деца од претшколска возраст. Ова се должи на вакциналната кампања но и на зголемениот број на случаи, пред сè на деца кои се заразени со оваа болест.
На ниво на Здравствен дом Велес, кој ги покрива општините Велес, Чашка и Градско, во 2023 година опфатот со прва ревакцина изнесува 80%, а опфатот со првите три дози на два, четири и шест месеци околу 95% додека опфатот на деца од школска возраст на седум години е 98 отсто. Родителите децата во помал број ги вакцинираат на 18 месеци кога е според календарот за вакцинација, туку тоа го прават подоцна, на 2 и пол и три години.
Од школска превентива информираа дека од откако биле повикани сите 20 деца на 7 годишна возраст, кои не биле вакцинирани со пертусис, досега седум дошле.
Петар Печков
