Тетово

Се зголемува емиграцијата во Тетово, се празнат училниците

17.02.2024 13:40

Се повеќе семејства заминуваат во западно-европските земји, а тоа го покажуваат се поголемиот број на исписи од основните и средните училишта во Тетово. Училниците се празнат, автобусите преполни кон западно-европските земји, со карти во еден правец...

Ретки се веќе детските џагори во училиштата во Тетово. Се повеќе празни училници.

Статистиката говори дека оваа учебна година за разлика од минатата има запишано над 1.300 ученици помалку во основните и средните училишта. За затвораат класовите, а нови ниту на повидок оти годинава има 170 првооделеленците помалку. Трендот на намалување на бројот на ученици ќе продолжи, се проценките на општинските власти.

Во Тетово се стеснува кругот на роднини и пријатели. Населението масовно се иселува во западно-европските земји. Причината е пред сè економска, но неправдите и партизацијата на општеството во последно време е исто така голем фактор за оваа појава, сметаат граѓаните.

Најчеста автобуска линија вози кон западно-европските земји, но последните години се купуваат карти само за еден правец.

 

Зоран Димовски