Европската комисија денеска го објави предлог буџетот за 2015
12.06.2014 16:39
Предлог буџетот на Европската комисија за 2015 година изнесува 142,1 милијарди евра, речиси за 6 милијарди повеќе од годинешниов. Со тоа зголемување би требало да се платат заостаните проекти од претходните години и за финансиска помош на Украина.
Најголемиот дел од буџетот е наменет за идните проекти што ќе ја зајакнат Европската Влада, а околу 40% од ставките се наменети за проекти чиешто финансирање е превземено од претодниот финансиски период од 2007-2013.

67,18 милијарди се наменети за поттикнување на растот и на кохезијата на Владата, 56,9 милијарди за земјоделството, од кои 43,8 директи плаќања, а остатокот за рурален развој. За овој предлог ќе се изјаснуваат Европскиот парламент и
Советот, а потоа почнува усогласување на позициите пред конечното усвојување.
Соња Стојановска