МЕРС вирусот забрзано се шири- Министерството за здравство со препораки до граѓаните
МЕРС корона вирусот го коси светот. 683 лица заболеле, а 30 отсто од нив починале. Во земјава нема регистрирано случај на заболен од МЕРС. Но, во пресрет на летните одмори Министерството за здравство со препораки до граѓаните...

Смрттоносниот вирус МЕРС од Саудиска Арабија кој ги напаѓа дишните патишта, почна да се шири во Европа. Најблиску до Македонија е забележан во Грција. Иако можноста за заразување од МЕРС се мали, здравствените власти апелираат сите кои патуваат на Блискиот Исток, ако во рок од 14 дена имаат треска и кашлање да побараат медицинска помош.
„Клиниката за инфективни болести е подготвена за испитување и третман на заболени со воспоставени протоколи за постапување и спречување на интрахоспитални инфекции. Во Институтот за јавно здравје се обезбедени тестви за дијагноза на сомнителен случај“, вели Јованка Костова, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита.
Во пресрет на летните одмори кога многу граѓани патуваат во Грција и на аџилак во Мека, министерството за здравство препорачува: да се избегнува контакт со секој кој покажува симптоми на респираторна болест, да се одржува редовна хигиена, да се консумира флаширана вода, да се избегнува контакт со камила.
Од МЕРС корона висрусот во светот заболеле 683 луѓе, 30 проценти од нив ја загубиле битката од оваа зараза.
Како се пренесува вирусот сеуште не е утврдено. Се смета дека се заболува од контакт со заразени животни пред се камилата или од друго лице преку кашлање или кивање. Во мометов нема вакцина за лекување на овој вирус.
Андријана Атанасовска
