Колективните договори се непотпишани поради опструкции, велат од СОНК
Министерството за финансии не обезбеди доволно пари за сервисирање на колективните договори за вработените во основното и средно образование, велат од СОНК...

Не се потпишани колективните договори за основното и средното образование. Првиот човек на СОНК Неделковски, вели дека Министерството за образование и наука имало желба, но Министерството за финансии не обезбедило доволно средства со кои би се сервисирале колективните договори. Преговарање не ни фалеше, но ни фали можноста кон пристап до потпишување, вели дека се соочуваат со опструкции.
Нема да седиме шест месеци и да чекаме да се постапи без разлика која политичка гарнитура е на власт. Ако европските и светски синдикати се колнат во социјалниот дијалог и партнерство, неможноста да се потпише колективен договор е преседан, вели Неделковски. СОНК нема да остане глув и нем на овие случувања. Некој ќе преземе политичка, но и кривична одговорност, рече Неделковски.
Александра Спировска
