Алжир
Автобуска несреќа во Алжир, еден загинат 52 повредени
17.02.2024 16:00
Автобуска несреќа во предградието на Константин, источен Алжир, при што загина возачот на автобусот, а 52-ца патници се повредени...

Автобуска несреќа во предградието на Константин, источен Алжир, при што загина возачот на автобусот, а 52-ца патници се повредени.
Според извештаите, откажале сопирачките по што автобусот се судрил со седум други возила и се превртел преку коловозот. Во автобусот се превезувале навивачите на фудбалскиот тим.
Отворена е истрага да се утврдат точните причини за несреќата.
